Свет

(ВИДЕО) Русија го тестираше најновиот проектил за пресретнивање нуклеарни ракети

(ВИДЕО) Русија го тестираше најновиот проектил за пресретнивање нуклеарни ракети

Руското министерство за одбрана во понеделникот објаво снимка од тестирањето на најновиот проектил за пресретнување ракети, развиен за одбрана за Москва од нуклеарни напади.

На снимката се гледа лансирањето на пресретнувачкиот проектил од полигонот за ракетни тестови Сари Шаган во Казахстан. Новиот проекил наречен PRS-1M очигледно е да го замени анти-балистичкиот проектил со кус дострел 53Т6, кој е главната компонента на одбраната на Москва од можни нуклеарни напади.

Новиот модернизиран антиракетен систем точно ја погоди условната цел. Подготовката за лансирање и самото лансирање беа спроведени од персоналот на провракетната воена единици и командата на антиракетните сили на Руските водухопловни сили во соработка со компаниите од индустријата за противбалистички проектили…“, изјави полковникот Андреј Приходко, заменик командант противвоздушната и противракетна одбрана команда на руските воздухопловни сили.