ВИДЕО: Русија со супер моќно оружје какво што не се памети во историјата

Еден од руските проектили кој е интересен за јавноста е „Сотон“, а руските медиуми пренесуваат дека во историјата на човештвото не постоело волку моќно оружје.

Оваа руска интерконтинентална балистичка ракета, всушност се вика R-36 M2 Војвода, а називот „Сотон“ и го дал НАТО.

Бомбата фрлена на Хирошима имала сила од 15 килотони, а нејзината експлозија убила 70 илјади луѓе. Една ракета како „Сотон“ носи до 10 боеви глави од која секоја има 750 килотона.

„Сотон“ е тешка дури 209 тони, многу е прецизна и како што тврдат руските медиуми може да допре до американските ракетни силоси.

Исто така Русија веќе го развива наследникот на „Сотон“ – „Сармат“, кој би требало да стане дел од нуклеарната тријада најрано до 2018 – та година.

Што се однеува до другите два дела од тријадата, со руските подморници се закануваат, помеѓу останатото и балистичките проектили R – 29 RMU2 Лајнер. Речиси 40 тони тешките чудовишта можат да носат 12 нуклеарни глави.

Тие неодамна станаа дел од нуклеарниот арсенал на Русија. Од воздушните сили тука се легендарните суперсонични TU – 22M и TU – 160 и стратешкиот бомбардер со долг домет, TU – 95.