ВИДЕО: Русија употреби ново оружје во Сирија

Русија употреби ново оружје во Сирија. Русија отпочна со ракетни напади врз цели на Исламска држава во Сирија преку нејзините бродови во Каспиското езеро, на оддалеченост од 1.500 километри, објави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Министерот информира дека четирите воени бродови лансирале 26 ракети од типот море-земја врз вкупно 11 цели, што се во целост уништени.

Истовремено копнените сили на сириската војска со поддршка на руските авиони покренале копнена офанзива, јавува Би Би Си.

Хуманитарната организацисја Сириска опсерваторија за човекови права објави дека во провинциите Хама и Идлиб се забележани најинтензивните борби во последните неколку месеци.

Судирите следеле по бранот руски воздушни напади. По ова изгледа дека станува збор за координирана офанзива откако русија како сојузник на Башар ал асад на 30-ти септември ја отпочна кампањата во Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.