Свет

ВИДЕО: Руски и кинески брод заглавени во Антарктикот, американски мразокршач пратен на помош

ВИДЕО: Руски и кинески брод заглавени во Антарктикот, американски мразокршач пратен на помош

Американски мразокршач е испратен да им помогне на  руски истражувачки брод и кинески брод коишто се заглавени во Антарктикот. Кинескиот брод заглави во дебелиот мраз откако беше испратен за помош на рускиот брод со 52 патници.

Американската крајбрежна стража објави дека одговориле на барањето за помош од страна на австралиските, руските и кинеските власти.

Рускиот истражувачки брод  е заробен во мраз од 24 декември. Доцна во четвртокот, еден хеликоптер од  кинески мразокршач пренесел  52 патници од бродот до австралиски мразокршач. Во меѓувреме и кинескиот  брод  се заглавил во мраз .  Американскиот мразокршач се очекува да пристигне на местото на настанот на 12 јануари и да ја заврши својата мисија за два до три дена.