ВИДЕО: Руски војници го чуваат аеродромот во Крим од украински фашисти

Аеродромот во главниот град на Крим, Симферопол  синоќа беше  под контрола на руски војници.

Украинските медиуми јавија дека 50-ина лица околу полноќ дошле со камиони и ја презеле контролата врз аеродоромот, но тој продолжува да функционира без проблеми.

Овој инцидент доаѓа еден ден откако вооружени лица ги окупираа зградите на парламентот на Крим и на регионалната влада.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков го оцени ваквиот потег на руските војници за воена инвазија и окупација.

Официјален претставник на аеродромот соопшти дека поголемиот дел од вооружените лица го напуштиле аеродромот по неколку часа.

Тој појаснил дека тие мислеле  дека  слетал украински десантен авион, но кога се увериле дека  нема ништо такво си заминале.

Според западни медиуми, десетина вооружени мажи во војнички униформи  денееска се наоѓаат пред влезот на аеродромот. Тие одбиваат да одговорат на прашањата од која националност се. Таму се наоѓаат, исто така, и десетина цивили на различна возраст, кои говорат руски, објаснувајќи дека „дошле за да го оддржуваат редот“.

 

„Сите ние сме доброволци и тука сме за да не дозволиме слетување на фашисти или радикали, кои доаѓаат од западна Украина, изјави еден од вооружените цивили, кој се претставил како поранешен полицаец.