ВИДЕO: Руските власти имаат снимка од убиецот на Немцов?

Руската телевизија „РЕН“ објави дека истражните органи дошле до снимка на која се гледаат двајцата осомничени за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов.

Како што пренесе „Спутњик“, истражните органи добиле неколку фотографии на кои се гледаат двајца мажи, а според зборовите на изворот „најверојатно се работи за лица кои што по потекло се од јужните региони на Русија“.

Инаку според информациите кои што ги објавуваат медиумите, истражните органи го пронашле автомобилот на убиецот на Немцов и станува збор за верзија на„шевролет ланос“ произведен во украинска фирма.

Откако било пронајдено возилото со кое напаѓачите избегале, оперативците ги побарале сите снимки од камерите на патот.

Покрај тоа барале да се пронајдат сите учесници во сообрааќајот кои во тој момент се нашле на тој пат.

Шефот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников изјави дека во тек на истрагата се идентификувани неколку осомничени.

„Ројтерс“ повикувајќи се на руските медиуми пренесе дека Бортников рекол дека осомничените се само една насока која истражителите ја разгледуваат.

За потсетување Немцов беше убиен во петок доцна вечер во центарот на Москва, во близина на Кремељ, два дена пред големиот митинг кој го подготвуваше опозицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.