ВИДЕО: Сафет Бишевац со навреди кон македонскиот народ

Половина Македонија нема мозок. Опозициските експоненти продолжуваат со навреди кон македонскиот народ и македонската нација. Последен во низата е новинарот и поранешен пратеник Сафет Бишевац, кој при гостувањето во емисијата „Топ тема“ која вчера се емитуваше на Телма рече дека суштинскиот проблем било тоа што мнозинството во оваа држава „не го вклучувало мозокот“, пренесува „Курир“.

Ние, односно мнозинството во својата држава, јас значи тогаш отидов и со една бројка на луѓе кои што не го вклучуваат мозокот, тоа е суштинскиот проблем на оваа држава. Јас реков дека 500.000 луѓе во оваа држава не го вклучуваат мозокот и тоа е факт, ние сме денеска во таа ситуација, рече Бишевац.

На констатацијата на водителот Александар Чомовски дека не може да им го одземе правото на луѓето да имаат свое убедување, Бишевац продолжи со тврдења дека тој не одземал ништо, само велел дека не го вклучувале мозокот.

Сето ова покажува дека Бишевац свесно ги манипулира граѓаните и го навредува македонскиот народ, бидејќи јавноста многу добро ја памети изјавата на Бишевац од 2013 година, кога од собраниска говорница изјави дека “ половина Македонија е без мозок“. Тогаш Бишевац во улога на опозициски пратеник предизвика голем револт со изјавата дека „половина Македонија нема мозок“, став кој го повтори дури неколку пати.

Точно, пола Македонија нема мозок, точно половина Македонија нема мозок, рече Бишевац.

Ова предизвика жестока реакција кај пратениците, а дел од колегите го обвинија дека го навредил македонскиот народ.