ВИДЕО: Сакале да се пошегуваат, па добиле ќотек

Група американски тинејџери сакале со скриена камера да снимат шеговито видео со случајни минувачи и потоа записот да го објават на Јутјуб, но нивните планови не се одвивале онака како што замислиле.

Имено, шегата се состоела во тоа што тие на улица им приоѓале на случајни минувачи, првенствено маж, и ги прашувале: сакаш ли да те боцнам?

Тинејџерите на овој начин сакале да ја исмеваат опцијата „боцкање“ на Фејсбук т.н. „poke“, но на случајните минувачи тоа воопшто не им било смешно.

Напротив, дел од нив ваквото прашање го сфатиле како закана или непристојна понуда, па бурно реагирале на тоа физички напаѓајќи ги тинејџерите.

Авторите на видеото, сепак, на крајот решиле снименото да го објават на Јутјуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.