ВИДЕО: Само Русија може да ја претвори Америка во радиоактивен пепел

Еден од највлијателните новинари на руската  државна телевизија, Дмитриј Кисељов, изјавил дека Русија е единствената земја која е способна САД да го претоври во радиоактивен пепел, пренесе АФП.

„Русија е единствената земја која навистина е способна САД да го претоври во радиоактивен пепел“, изјавил новинарот во својата емисија на првата програма на руската телевизија.

Кисељов смета дека САД и Барак Обама живеат во страв од Русија и Владимир Путин и затоа се внимателни во нивните изјави за постапките за време на украинската криза.

Неговата  емисија била емитувана во момент кога се објавени и првите резултати од референдумот на Крим на кој е утврдено дека поголемиот број од граѓаните сакаат да се приклучат кон Русија. Кисељов не пропуштил да прокоментира дека Обама е послаб во однос на Путин.

„И самите Американци мислат дека Путин е посилен лидер од Обама. Зошто Обама постојано го бара на телефон и со него зборува со саати?“, се запрашал провокативниот новинар кој има репутација на „новинар без влакна на јазикот“ и познат е по честите провокативни изјави за своите хомофобични ставови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.