Магазин

Видео: Само во Русија се вози крава на задното седиште од „Лада“

Видео: Само во Русија се вози крава на задното седиште од „Лада“

Дека за Русите необичните работи за остатокот од светот им се нормални ни покажува и следново видео во кое се гледа како крава се вози на задното седиште во автомобил.

На московскиот автопат, во автомобил од марката „Лада“, можете да видите невообичаена глетка. Еден човек веројатно не можел да најде превоз за својата крава, па смислил решение како побрзо да ја однесе од една на друга локација. Тој ја ставил кравата на задното седиште од својот автомобил.

Момчињата кои го забележаа ова пробаа да го фатат најдобриот кадар од кравата, за на крај да ја претекнат „Ладата“ и да го снимат човекот кој најнормално си вози како да нема животно во задниот дел од автомобилот.