ВИДЕО: Шансите да бидат најдени преживеани на траектот се рамни на нула

Дури денеска нуркачите успеаја да влезат во внатрешноста на јужнокорејскиот траект.

На виделина излегоа нови детали за тоа како дошло до потонувањето на траектот. Според обвинителството, во моментот на несреќата со траектот не управувал капетанот, туку третиот офицер, кој имал само една година искуство. Според непотврдени извештаи, капетанот бил еден од ние кои први го напуштиле траектот. И членовите на екипажот го обвинуваат капетанот тврдејќи дека наредбата за евакуација дошла можеби предоцна. Дел од преживеаните дури тврдат дека воопшто не чуле наредба за евакуација.
Причините за несреќата се‘ уште не се јасни. Врз основа на изјавите на членови на екипажот, се наметнува претпоставка дека до катастрофата можеби довело ненадејно менување на курсот на траектот пред островот. Можно е траектот и да наишол на карпа. Преживеаните тврдат дека имало голем удар пред потонувањето на бродот.

Во акцијата на спасување учествуваат околу 170 бродови и 30 авиони. Два огромни крана се веќе на местото на несреќата, а треба да пристигнат и други. Тие би требало да го извлечат потонатиот траект.

Шансата да бидат најдени преживеани, според кризниот штаб, се рамни на нула.