ВИДЕО: СДСМ ги контролира насилните хулигани

Групата вандали на СДСМ која вчера пред собранието напаѓаше новинарски екипи ја каменуваше полицијата и фрлаше со стаклени шишиња кон полициските службеници е фатена на камерите од медиумите и безбедносните камери, пишува Курир.

Иако протестот започна мирно, сепак дел од хулиганите кои и во вторникот го предизвикаа инцидентот пред Владата започнаа да маваат по полицијата со камења и шишиња, обидувајќи се да предизвикаат нов инцидент.


Вчера пред Собранието можеше да се забележи дека веднаш откако насилниците започнаа да маваат по полициските службеници СДСМ веднаш времено ги запре, по што и насилниците запреа, што укажува на тоа дека СДСМ ги контролира и ги користи за предизвикување на инциденти, коментираат познавачите.

Инаку, СДСМ вчера конечно се идентификуваше со протестите кои беа предводени од целото опозициско раководство. Насилниците покрај тоа што удрија по полицијата, очигледно партиски командувани,  нападнаа и девојче фотограф на една новинска агенција. По завршувањето на протестот пред Собранието хулиганите на СДСМ синоќа нападнаа и автобус на ЈСП.