Видео: СДСМ не знае колку тимови има на терен

СДСМ помпезно најави нова стратегија од која нема ни трага ни глас, овјавува Курир.

Се пофалија со формирање на 5000 тимови кои постојано ќе одат на терен и средби со граѓаните, а медиумите веднаш објавија дека не функционира оваа идеја и дека на терен ги нема најавените тимови.

На адресата од каде треба да се добие објаснување на овие сомнежи, дојде до уште поголема забуна.

СДСМ не знае колку тимови има на терен, со колку граѓани оствариле средби, а уште помалку може да каже за што се разговара на средбите за кои јавноста не знае ни дали се оствариле.

-За тоа колку средби се остварени, треба да ги прашате луѓето кои се занимаваат со организација. Јас можам да ви кажам само јас колку средби сум имала лично, како дел од тие тимови. Ама вкупниот број ќе треба од организација да ги прашате, истакна денес Лидија Димова од СДСМ, како одговор на новинарско прашање.

Освен што не кажа колку средби посетиле нејзините колеги, таа не ја обелодени ни единствената бројка која рече дека ја знае- со колку граѓани таа и нејзиниот тим се сретнале “очи во очи“.