ВИДЕО: СДСМ потфрли – наместо 100.000 на протест се собраа одвај 15.000 луѓе

СДСМ со денешниот митинг целосно потфрли. И покрај неколкумесечната „пропаганда“ на опозицијата поддржана од нивните перјаници на протестот пред Влада според грубите проценки дојдоа само околу 15.000 луѓе.

Ова е вистински дебакл за опозиционерите, посебно ако се земе во предвид дека лидерот Зоран Заев најавуваше дека на протестот ќе дојдат околу 100.000 луѓе.

Сосема очекувано, за да се оправдаат за минималниот број на излезеност, кој во никој поглед не е доволен за еден сериозен политичар и воопшто за сериозен политички субјект, во дел од медиумите финансирани од СОРОС се појавија информации дека се вршат притисоци врз превозниците и дека има блокади кон Скопје.

Во вестите во 14. 30 часот телевизијата Телма објави дека превозниците од градовите низ Македонија тврдат дека никој не им правел никаков проблем за превоз на луѓе до Скопје.

Истото ова го потврди и сопственикот на приватната транспортна фирма ПУПЕ КОМПАНИ од Охрид која е блиска до СДСМ, а која го вршеше организираниот превоз до Скопје.

– Нема никакви проблеми. Нас никој не ни направи проблем, не не ”чепна” ни полиција, ни некој како што се ширеа муабети инспекции или не знам кој и какви групи. Со години ние возиме за СДСМ, партијата си плаќат и услуга даваме, а никој ни за овој митинг ни за други митинзи порано не ни направил проблем. Не ми е јасно кој се овие кои излегуваат по медиуми со вакви глупави тврдења дека некој не притискал. Ево јавно кажувам, јас ги возам сите на митинг од Охрид до Скопје и повторувам јасно и гласно : Немам никаков проблем и никој не ми вршел никаков притисок, изјави за Охрид1 Јован Мирчески – Пупе, сопственик на ПУПЕ КОМПАНИ.

Присутните екипи на теренот велат дека постојано се сугерира на демонстрантите да се оддалечуваат човек од човек, за да опфатат поголем периметар. И од видео преносот се гледа дека има потфрлање. Забалежливи се дупките во масата, а режисерот снима и пренесува видео од полувисока, а не од висока перспектива со цел да ја затскрие слабата посетеност на протестот.