ВИДЕО: СДСМ со секири против македонската полиција

Членовите на СДСМ и активистите на СОРОС синоќа на дело почнаа да го спроведуваат крвавото украинко сценарио кое претходно го најави опозицискиот лидер, Зоран Заев, пишува Курир.

Во медиумите излезе видео на кое се гледа како активист на СДСМ од Штип се заканува кон полицијата со секира. Потоа полицијата беше нападната и беа оштетени неколку објекти во центарот на градот Скопје.

Дека се работи за активист на СДСМ доволно говорат фотографиите на социјалните мрежи на кои е сликан во штабот на СДСМ и со Зоран Заев и со Оливер Спасовски. Веќе станаа секојдневие фотографиите на лидерот на СДСм и генералниот секретар со докажани насилници и криминалци. Токму овие луѓе зад превезот на граѓански активисти насилно протестираат во Скопје, напаѓаат полицајци, кршат, ограбуваат и уништуваат објекти.