ВИДЕО: СДСМ во кавга со земјоделците од Велес

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски наиде на жесток прием кај земјоделците во Велес. Жолчни расправии ја одбележаа неговата средба со земјоделците на терен.

Земјоделците, како што тоа може да се забележи и на видеото што го објави порталот „Курир“, гневни го прашуваа Николовски зошто СДСМ не гласало за владината одлука за исплата на субвенциите и зошто се обиделе да го блокираат буџетот.

Зошто го блокиравте Буџетот. Пробавте да го блокирате буџетот. Се’ сакaте да стопирате, вели еден земјоделец, кој на зборовите дека луѓето се изманупилирани му одговара на Николовски:

Младо момче, јас имам 52 години.

Наместо одговори, министерот назначен од СДСМ почна вербално да ги напаѓа земјоделците и да ги манипулира.

Не можеш да ни помогнеш, ние дигнавме два прста кој сакаме да ни помогне. Тебе те донесоа, те натераа, со кое лице те онесоа, те натераа тука да дојдеш. Одговори како со кое лице идеш, за што. Кажи за што дојде, како те натераа да дојдеш, му одговорија тие.

Откако земјоделците жестоко возвратија на обидите за манипулација, Љупчо Николовски и Ленче Николовска со своите џипови ја напуштија средбата. Револтот на земјоделците е повеќе од оправдан, зошто СДСМ во свое време имаше предвидено нула евра за субвенции.

За девет години издвоени над 800.000.000 евра субвенции

Од друга страна, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има издадено над 100.000.000 евра субвенции само во 2015 година, а откако е ВМРО-ДПМНЕ на власт има издадено над 800.000.000 евра субвенции во изминатите 9 години.

Одобрени се средства од над 4.500.000 евра средства за нова механизација. Оваа година е објавен оглас за над 7.000 хектари земјоделско земјиште.

Отворени се неколку центри (странски инвестиции) за откуп на земјоделски плодови, „Епл Ленд“ во Ресен, каде што ресенчани веќе немаат проблем со откупот, во кочанско инвестиција за откуп на оризот и низа други.

Откупот на тутун оди во најдобар ред и целиот тутун од тутунопроизводителите ќе биде откупен, а додатно обезбедни се над 23.000.000 евра субвенции.