ВИДЕО: Се обиде со запалка да убие пајак, ја запали бензинската

Муштерија кој застанал на бензинска пумпа да наточи гориво без размислување се обидел да убие пајак со запалка при што предизвика пожар.

Надзорната камера која го сними пожарот, го забележа инцидентот кој е за рубриката „Верувале или не“.

На снимката се гледа човекот кој го предизвика пожарот, како стои во близина на задниот дел на автомобилот, околу кој наеднаш пламнал оган. Тој подоцна и објасни на полицијата дека само сакал да го убие пајакот со запалка. За среќа, работничката Сузан Адамс остана прибрана, го притиснала копчето за автоматско прекинување на дотокот на гориво и ги повикала пожарникарите кои набрзо пристигнале.