Свет

ВИДЕО: Се обидел да киднапира авион, но патниците му се спротивставиле

ВИДЕО: Се обидел да киднапира авион, но патниците му се спротивставиле

Патниците во авионот на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ избегнаа потенцијално опасна ситуација синоќа, кога едно момче се обиде да ја превземе контролата во леталото.

Летот кој патувал кон Денвер, се вратил на меѓународниот аеродром Дулс во близина на Вашингтон, откако патниците го зграбиле човекот кој извикал „Џихад, џихад“.

Кога авионот се приземјил, момчето било однесено на процена.

Инаку, како што објави Ен Би Си, момчето им кажало на патниците дека во авионот има бомба, но во деталната истрага во авионот не биле пронајдени експлозиви.

На видео снимката која се појави во странските медиуми се гледа момчето со посекотини на лицето, кое соборено од патниците во моментот кога се упатил кон пилотската кабина.

Во леталото Боинг 737, во моментот се превезувале 33 патници и 6 членови на екипажот.