Магазин

ВИДЕО: Се отвори вратата на пеколот ви Кина!

ВИДЕО:  Се отвори вратата на пеколот ви Кина!

Пламена бездна во северозападна Кина го шокирала локалното население, но воедно привлекла и љубопитни туристи и истражувачи. Температурата на вжарениот кратер е 792 степени според Целзиусовата скала.

Соочени со екстремно високата температура научниците не можат да пријдат доволно близу и да измерат колку е длабока оваа дупка. Огнената бездна се наоѓа недалку од градот Урумкви во северозападна Кина.

Мистериозниот кратер е широк околу еден метар. Температурата е толку висока што се запалиле гранките и другите предмети кои се наоѓаат во непосредна близина. Мештаните овој феномен го нарекле „вратата на пеколот“. Во тој регион често се случуваат вулкански активности. Сличин феномен се случи и во Туркменистан и во Пенсилванија.