(ВИДЕО) Се појави снимка од евакуацијата на патниците од турскиот авион кој висеше над амбисот

Снимка од евакуацијата на патниците од турскиот патнички авион кој излета во саботата од пистата во турскиот турустички град Трабзон и се заглави во калта на работ од карпата на морскиот брег, се појави во понеделникот на интернет.

На снимката се забележува како преплашените патници ја напуштаат кабината на авионот преку излезите за итна евакуација. Покрај тоа, на кадрите се гледаат и пожарникари кои помагаат во извлекувањето на патниците. Авторот на снимката забележува дека веднаш по инцидентот во авионот завладеала паника.

Инцидентот се одигра во саботата во текот на приземјувањето на авионот од типот „Boeing 737-800“ на турската приватна воздухопловна компанија „Pegasus Airlines“, со 162 патници и членови на екипажот. По првиот контакт со замрзнатата писта леталото се излизгало запирајќи се на стрмната карпа само неколку метри од брегот.