ВИДЕО: Се прашувате зошто луѓето се полеваат со ладна вода?

Предизвикот во кој луѓе се полеваат со ладна вода е смислен за да се обрне внимание на заболените од амиотрофична латерална склероза -АЛС ( невролошко заболување кое предизвикува атрофија на мускулите), но, и да се донира пари за пронаоѓање лек за оваа болест.

Се’ функционира така што тој што ќе го прифати предизвикот се полева со кофа со ледена вода, а потоа номинира барем уште тројца да го сторат истото во рок од 24 часа. Многу познати личности помогнаа да се прошири свеста за оваа болест.

Ентони Карбахал боледува од АЛС. Сите во неговото семејство ја имале оваа болест. Во видеото тој објаснува како е да имаш АЛС, но и да чуваш некој што ја има оваа болест.
Иако видеото почнува како шега, многу брзо ќе сфатите дека тука нема место за такво нешто.

Луѓето со АЛС на почетокот може да забележат слабост во мускулите, грчење, потоа болеста прогресивно го онеспособува движењето, говорот голтањето и на крајот дишењето. Последните денови од животот, многумина ги поминуваат целосно парализирани, додека мозокот и понатаму им функционира.