ВИДЕО: Се вклучи во живо, а нејзината цимерка прошета гола

Фановите на британскиот X Фактор можaт да се вклучат преку Скајп и да постават прашање, но една обожавателка доживеа мала непријатност.

Водителот на емисијата посветена на X Фактор, разговараше со една гледачка преку Скајп, кога во кадар прошета нејзината гола цимерка.

Девојката секако не знаеше дека баш во тој момент нејзината другарка е вклучена во живата програма и не знаеше дека ќе стане вистинска интернет ѕвезда.