вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 55

ВИДЕО: Се запали авион со 240 патници!

Авион на компанијата „Сингапур Ерлајнс“ се запали рано утринава додека беше на лет за Милано. Авионот принудно слетал на аеродромот Чанги во Сигапур од каде и полетал, а во инцидентот нема повредени.

avion-gori

Поврзани вести

Авион на компанијата „Сингапур Ерлајнс“ се запали рано утринава додека беше на лет за Милано. Авионот принудно слетал на аеродромот Чанги во Сигапур од каде и полетал, а во инцидентот нема повредени.

Леталото се вратило на аеродромот по предупредувањето за ниско ниво на моторно масло, а по слетувањето се запалил десниот мотор на авионот од типот „Боинг 777 – 300 ЕР“, пренесува Ројтерс.


Противпожарните служби брзо го изгаснале огнот,  а никој од 222-та патници и 19-те членови на екипажот не е повреден.

Патниците биле пренесени на аеродромот, од каде денеска со друг авион треба да го продолжат патувањето.

Авионот на релацијата Сингапур – Милано полетал утрово во 2.05 часот, но два часа подоцна пилотот објавил дека дошло до дефект на моторот и дека авионот мора да се врати во Сингапур.

Најчитани вести