ВИДЕО: Се запали балон  во Тексас, најмалку 16 лица загинаа

Несреќа во Тексас. Балон во кој биле 16 луѓе се запалил и паднал во централен дел на американската држава.  Според властите во несреќата најверојатно никој не преживеал.

Несреќата се случила вчера околу 7:40 наутро по локално време во близина на градот Локхарт на околу 30 км јужно од Остин.

Од Федералната управа за авијација соопштија дека во балонот се наоѓале најмалку 16 луѓе, додека канцеларијата на шерифот на округот Колдвел соопшти дека најверојатно во несреќата нема преживеани. Доколку тој број на жртви е точен, тоа е најголемата несреќа со балон во историјата на САД.