ВИДЕО: Седум терористи ликвидирани во Грозни

Седуммина терористи и шест полицајци се убиени во пресметката меѓу руската полиција и група напаѓачи во главниот град на Чеченија, Грозни.

Вооружени терористи зазеле издавачка куќа во центарот на градот, а претходно од возило покосиле полициска патрола.

Во операцијата, предводена лично од  претседателот на оваа северно-кавкаска република Рамзан Кадиров, е запалена речиси половина од осумкатницата, во која се засолниле напаѓачите.

Кадиров соопшти дека сите терористи се ликвидирани, но упати апел до граѓаните да бидат внимателни и да не излегуваат од дома без потреба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.