ВИДЕО: Секоја жена би го посакала ова: Машина за виткање сарми

Некогаш помеѓу нашиот народ се говореше дека една девојка може да се омажи дури откако ќе научи одредени домаќински “трикови”, помеѓу кои секако еден од поважните е виткањето на сарми. Но, модерната технологија замеша прсти и во оваа вештина!

m1

Неважно е дали се од кисела зелка, лозов лист или блитва, посна или мрсна, сармата помеѓу народот на овие простори е едно од омилените јадења и како такво е чест гостин на секоја трпеза. Но, ако виткањето на сарми и не оди баш од рака, од неодамна постои и мал уред кој ќе ви помогне и ќе ви го олесни процесот на изработка на овој специјалитет.

m2

Овојпат руската компанија Askar на радост на сите домаќинки нуди одлично решение за виткање на сарми. Станува збор за уредот Dolmer, кој впрочем виткањето на сарми прави да биде сосема лесно, брзо и сосема едноставно.

m3

Сè што ви е потребно се убаво исечени листови и совршена смеса, а остатокот може да ѝ го препуштите на оваа “волшебна” машина. Како што може да видите и во приложениот видео запис, машината прави речиси идентични сарми, кои со сигурност нема да ви се растурат за време на готвењето.

Со овој уред може да подготвите и други специјалитети, како што се на пример виткани палачинки, тенки листови пршута или тиквички и слично.

Извор: Кармин.мк