Македонија,Политика

ВИДЕО: Сергеј Самсоненко со поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

ВИДЕО: Сергеј Самсоненко со поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Рускиот бизнисмен и сопственик на „Вардар“, Сергеј Самсоненко, со поддршка за премиерот Никола Груевски и коалицијата „За подобра Македонија“.

„Кога успесите на тимот се континуирани, тие не можат да се случајност. Тие се резултат на добро воигран тим, со квалитет на играчи, со добра стратегија и јасни цели. Лесно е да се препознае таков тим, игра пожртвувано, игра со знаење, игра со срце. Tаквиот тим не игра за себе и за свој личен успех, туку игра за навивачите, за победа на целата држава. Додека добриот тим прави разлика во резултатот, добриот политичар прави разлика во квалитетот на животот на сите граѓани. Таквите луѓе лесно се препознаваат, лесно е да препознаеш квалитет“, вели Самсоненко во промотивниот спот.