ВИДЕО: Шест мртви во авионска несреќа крај Скопје

Шестмина патници и членови на екипажот имало во авионот марка „Пајпер“ кој вчера попладне исзчезна од радарот на Контролата на летање при скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Полицијата потврди дека сите шестмина патници се загинати, од нив четворица биле италијански и двајца биле косовски државјани.

Известен е и јавен обвинител, а полициските екипите го обезбедиле местото на настанот.

Според официјалните информации, авионот бил пронајден урнат во Кремење, атар на село Кожле.

Како што објави италијанскиот весник „Ла Република“, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аеро-клубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај.

Од друга страна, некои косовски медиуми јавија дека во несреќата загинал и братот на Висар, Ф.Бегај.