ВИДЕО: Северна Кореја испука гранати, Јужна Кореја одговори

Портпаролот на Генералштабот на јужнокорејската армија истакнал дека тие возвратиле на севернокорејските гранати бидејќи истите паднале на нивна територија.

„Гранатите што ги испука Северна Кореја паднаа на нашата страна од границата и ние одговоривме со отворање оган“, рекол тој за Франс прес.

Границата меѓу двете земји во неколку наврати беше на сцена на смртоносни судири меѓу Пјонгјанг и Сеул.

Последниот судир меѓу двете Кореи се случи во 2010 година, кога Северна Кореја гранатираше јужнокорејски остров, при што загинаа четири лица.