ВИДЕО: Шампионската сезона на Иџе добива своја екранизација

Спортистот на годината за 2014 година и европски шампион на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе, ја најавува премиерата на филмот: „Патот до Европскиот  Врв“ за сезоната 2014, во која за првпат се закити со титулата европски шампион во катерогија 1, трки организирани од страна на ФИА.

Премиерата на филмот, исполнет со автентични снимки од сезоната и тестимонијали од луѓето заслужни за успехот на Иџе, ќе се оддржи во Среда (04.02), со почеток во 19:00 часот.

Во продолжение проследете ја најавата за филмот „Патот до Европскиот врв“.