ВИДЕО: Шекеринска од лице место командува со насилните протести

Откако првично ги координирала партиските протести од едно кафуле во близина на Владата, заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска отишла на лице место да има надзор врз работите и одвивањето на протестот, покажува ова видео ко е појави на социјалните мрежи, објави „Курир“.

Со ова се потврдува дека токму СДСМ и највисокото раководство на опозициската партија управува со насилните протести пред Владата, чија цел е насилно и недемократско рушење на институциите.

Епилогот од вчерашните насилни партиски протести е повредени 30-тина полицајци и четворица цивили, демолирани полициски автомобили и запалени контејнери по ескалацијата на состојбата.  Во тек на протестот демонстрантите фрлаа најразлични предмети и се обидуваа да влезат во Владата.