Македонија

ВИДЕО: Шест илјади литри во секунда се влеваат во Дојранското Езеро

ВИДЕО: Шест илјади литри во секунда се влеваат во Дојранското Езеро

Со изградбата на хидро-системот и доведувањето дополнителни количества вода во Дојранското Езеро, направен е најголемиот чекор за спас на Езерото.

Со проектот за доведување дополнителни количини вода во Езерото со искористување води од бунарите кај Ѓавачко Поле на најбрз и најекономичен начин се обезбедува квалитетно количество вода за Дојранското Езеро.

Дополнителните количества вода протекуваат низ каналот кај Топлец. Исчекувањето започна на 4.9.2002г. кога од бунарите кај Ѓавачко Поле со првите литри вода почна да се полни хидро-системот. Првите литри вода  потекоа низ каналот протекоа на 08. 09. 2002 година.

Каналот кај Топлец е предвиден да спроведува околу 1000 литри во секунда, но деновиве пробно со цел да се утврди дали каналот би можел да издржи поголеми количества вода беа пуштени многу поголеми количества.

Во приложеното видео можете да погледнете како изгледа каналот кога низ него протекуваат околу 6.000 литри во секунда.

Инаку, според податоците добиени од општина Дојран, поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките што се влеваат во Езерото, во моментов нивото на водата е покачено за околу 20 сантиметри.

Оттаму велат дека има тенденција во иднина за уште поголемо покачување на нивото на водата во езерото.