ВИДЕО: Шилегов му се извини на Тодоров

Портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Петре Шилегов, денеска му се извини на министерот за здравство Никола Тодоров.

Шилегов се извини, за како што рече, „ненамерниот превид во однос на годината“

„Се извинуваме само што направивме ненанмерен превид само во однос на годината иако тоа не ја менува суштината на овој скандал, само за тој дел околу временскиот период односно околу годината кога Ивона Талеска се повлекува од фирмата, се извинуваме и се повлекуваме“, рече Шилегов.

Министерството за здравство до портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска испрати Барање за извинување и јавно повлекување согласно Член 13 од Законот за Граѓанска одговорност за навреда и клевета.

„Во врска со наводите изнесени од ваша страна на ден 13.01.2014 година на прес коференција, како портпарол на политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија, на која присуствуваа голем број на електронски и пишани медиуми, кога изјавивте дека: ’Девет дена откако е распишан милионскиот тендер од страна на министерството за здравство, Ивона Талевска се повлекува од фирмата и му ги дава акциите на малцинскиот партнер, Марко Петровиќ. Тендерот е распишан на 11 декември 2012 година, а Ивона Талевска се повлекува на 20 декември 2012 година. ВИСАРИС МКД ДООЕЛ Скопје конкурира на тендерот и за 4 месеци го добива милионскиот бизнис од Никола Тодоров’ кои што се невистинити и не одговараат на фактичката состојба, и со кои нанесовте штета на честа и угледот на Министерството за здравство на Република Македонија и на министерот за здравство Никола Тодоров“, беше наведено во барањето на МЗ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.