Магазин

ВИДЕО: Шокантна кампања против брзото возење која ќе ве остави без зборови

ВИДЕО: Шокантна кампања против брзото возење која ќе ве остави без зборови

Агенцијата Клеменгер ББДО од Велингтон, Нов Зеланд снимила реклама за подигање на свеста за поголемо внимание во сообраќајот.

Рекламата прикажува замислен разговор меѓу двајца возачи кои разменуваат мисли неколку секудни пред нивните возила да се судрат.

Возач 1: Човеку, извини, мислев дека имам доволно време

Возач 2: Само излета… немав време да запрам

Возач 1: Ма ајде, беше тоа случајна грешка

Возач 2: Да возев малку побавно…

Возач 1: Те молам, син ми седи позади

Возач 2: Но, јас возам пребрзо….Жал ми е …

Потоа двајцата возачи се враќаат во своите автомобили и следи силен удар. Иако досега се снимени илјадници други такви реклами, оваа сепак плени со вниманието и остава длавок впечаток.