ВИДЕО: Штрајк во лондонското метро, милиони патници блокирани

Штрајкот на вработените во лондонската подземна железница предзвика хаос низ градот.

Вработените во лондонската подземна железница синоќа стапија во 48-часовен штрајк поради планот да се укинат билетарите со што, како што наведуваат синдикалните организации, ќе бидат укинат 950 работни места.

Милиони патници низ  Лондон денеска се борат со долгите редици и тешкотиите да стигнат на работа поради штрајкот.

Уште во раните утрински часови се формирале долги  редици пред автобуските станици и неколкуте метростаници што работат, патиштата се пренатрупани, а многумина заминале на работа пеш или со велосипеди.

Поради штрајкот на метрото, биле ангажирани уште сто дополнителни автобуси со цел да се ублажи нарушувањето, но тоа било недоволно да бидат примени трите милиони патници што секојдневно ја користат лондонската подземна железница.

Десетици станици ќе останат затворени и денеска  и утре, особено по должината на Централната линија, која ја сече британската престолнина од запад кон исток.

Лондонското метро, кое дневно превезува 3,5 милиони лица со своите 11 линии и 270 станици, веќе е на границите на издржливост во време на најголемиот сообраќаен метеж.

За време на штрајкот ќе работат помалку возови, а ќе се сообраќаат на околу 10 минути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.