Македонија

ВИДЕО: Си-Ен-Ен ќе објави репортажа за манастир во беровско

ВИДЕО: Си-Ен-Ен ќе објави репортажа за манастир во беровско

Си-Ен-Ен во соработка со „Ворд пресс медиа“направија една кратка репортажа за Берово и манастирските комплекси во Малешевијата. Во репортажата се зборува за историјата и опстанокот на црквите и манастирите во овој дел од Македонија, како од тоа кога бил изграден првиот манастир па се до ден денеска, пренесува Курир.

Меѓу другото авторот, ја прикиажува историјата на женскиот манастир Св. Архангел Михаил, сместен во Беровскиот крај, изобилува со слова, кажани и прераскажани од двовековното монаштво, кое до ден денес непрестано ја слави љубовта Господова преку секојдневните Богослужби.

Пишаните списи говорат дека првата црква во Берово била црквата Свети Георгиј, што се наоѓала во источниот дел на сегашно Берово. Црквата била многу мала за да ги собере сите верници, па така народот се собрал и решиле да побараат дозвола од турскиот валија за изградба на нова црква. Тој се согласил, но само ако се исполнат три услови: 1.Црквата да биде изградена за 40 дена; 2.Црквата да биде изградена под земја и да не се гледа; 3.Најмалата ќерка на тогашниот свештеник, да биде дадена во харемот. По милоста Божја и верата на беровчани, на 40-тиот ден црквата засјаила под земја, но третиот услов не бил исполнет, поради што свештеникот бил затворен. Сепак, по три години, тој бил ослободен, а ќерката се вратила во Берово.

Црквата била осветена во 1818 година, а дваесет години подоцна било основано и првото сестринство. До ден денешен, речиси два века, манастирската црква ја красат молитвените Пасхални стихири, воспевани од монахињите.

Денес, манастирските конаци ги чуваат три монахињи, кои секојдневно преку Богослужбите во црквата и новоизградениот параклис се молат за мир и спасение на сите луѓе. Манастирскиот параклис е посветен на Св.

Григориј Палама и Старец Јосиф, а сестринството го користи за време на студените зимски денови. Истиот е фрескописан со фрески на светители, со поддршка и помош на верниот народ.

фото:makedonskibiser.com.mk