недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 9

ВИДЕО: Шилегов со скапото Ауди ја покажа нервозата на „Партизанска“

Додека обвинуваат за „режим“, за сиромаштија и ги тераат нивните сопартијци да бидат дел од насилни протести, челниците на СДСМ уживаат луксуз.

silegov-2avtomobil-768x298

Поврзани вести

Додека обвинуваат за „режим“, за сиромаштија и ги тераат нивните сопартијци да бидат дел од насилни протести, челниците на СДСМ уживаат луксуз.

Портпаролот на Зоран Заев, Петре Шилегов, досега имаше огромна куќа и стан, но овие недвижнини не му беа доволни, па си купил уште два луксузни станови во вкупна вредност од 160.000 евра. Освен тоа, функционерите на СДСМ денес покажаа и насилно однесување, па Шилегов дрско и безобразно ја прекина прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Андон Чибишев кој е и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

silegov-3avtomobil-768x311

Шилегов во своето луксузно Ауди се паркираше непрописно  среде Партизанска, насилно го прекина говорот на Чибишев, па се врати во својот автомобил каде со голема брзина си замина.

Јасно е видливо каде и како овој политичар се паркираше, па како искусен возач треба да знае дека ова е казниво дело. Дали МВР ќе реагира по овие снимки и дали Шилегов ќе биде соодветно казнет?

За нервозното однесување на Шилегов и за неговите постапки зборуваше уредникот на Сител, Драган Павловиќ-Латас. Во неговиот говор упатува и порака до демонстрантите за какви луѓе тие протестираат.

Погледнете во продолжение:

Најчитани вести