ВИДЕО: Силен дожд и град го зафати и Белград

Околу 17 часот главниот град на Србија го зафати големо невреме, проследено со силен дожд и град.

Големите количини на дожд поплавија неколку улици во Белград, поради што сообраќајот се одвива отежнато. На десетина локации се испумпува водата.

1belgrad500

За среќа невремето брзо се стишило и моментално нема никакакви материјални штети. Покра Белград, невреме проследено со силен ветар и дожд околу 17.30 часот го зафатил и градот Крагуевац.