ВИДЕО: Силен земјотрес го погоди Чиле, граѓаните го чекаат „големиот бран“

Земјотрес со јачина од 8,2 степени по Рихтер го погоди северниот брег на Чиле, при што загинаа најмалку пет лица.

Четириесет и пет минути по земјотресот, брегот бил погоден од цунами, но нема имформаци за евентуална штета.

Од потресот дошло до лизгања на земјиштата и биле блокирани неколку патишта. Без струја останале неколку илјади луѓе, неколку објекти биле опожарени, а еден аеродром бил оштетен.

Чиле е едно од најтрусните подрачја на земјата, а најсилниот земјотрес изнесувал 9,5 степени по Рихтер во 1960 година, кога загинале повеќе од 5.000 луѓе.