(Видео) Сиријците урнале девет проектили, никој не знае чии се

Сиријската противвоздушна одбрана вчера возвратила на напад со проектили во покраината Хомс, чија цел била воздухопловната база Шајрат, јавува сиријската државна телевизија, која објави снимки од уривање на проектил, но не јавува кој ги испукал. Според официјален Пентагон, САД негира дека на тоа подраје имало активности на американската војска. Од друга страна, и неименуван извор во руското министерство за одбрана тврди дека не била нападната базата.

Медиумските сервиси на Хезболах признаа утрово дека Сирија пресретнала три нивни проектили испукани кон воената база Думаир, североисточно од Дамаск. Сиријските државни медиуми, пак, воопшто не спомнуваат напад врз Думаир, за која бунтовниците тврдат дека е неопходна за да се врати надзор над Гута.

Најновите тврдење стигаат по сојузниките удари на три локации во Сирија кои следеа како одговор на наводен напад со хемијско оружје во Дума. Воздухопловната база Шајрат беше мета на минатогодишните удари на американските сили како одмазда за хемискиот напад во кој загинаа најмалку 70 луѓе, врз градот Кан Шеијкун под контрола на бунтовниците.

https://youtu.be/peMisM-KNx8

Според информациите на порталот Ал Масдар, двете авио-бази биле нападнати од израелски авиони од воздушниот простор на Либан, но тоа не го потврдува Дамаск. Телевизијата Скај Њуз Арабија, повикувајќи се на очевидцци, соопшти дека во текот на ноќта во долината на Бека на исток на Либан,од сиријската страна случнале екплозии. Телевизијата Ал Манар јавува дека израелската авиација соопштила дека израелската авијација интензивно летала на Голанската висорамнина.
Портпаролот на израелската војска на прашањето за нападот рекол дека такви известувања не коментираат.
Израел од време на време гаѓа воени цели во Сирија, вклуително воени конвои или иранската паравојска, која се бори заедно со сиријската војска.
Четворица Иранци беа убиени на почетокот на месецов во воздуше напад на аеродромот Т4 во Хомс, за кој Сирија, Иран и Русија го обвинија Израел.