ВИДЕО: Сите жители на овој град во Аљаска живеат во иста зграда

Градот Витиер во Аљаска е толку изолиран што е достапен само преку тунел кој се затвора во 22.30 часот. Целото негово население живее во една голема зграда. Според последните официјални податоци градот има 220 жители.

За време на краткото лето во Витиер, пристаништен град, кој со копно е поврзан со железница, има и туристи, но жителите поголемиот дел од времето го минуваат како едно големо семејство во својата зграда, во која има сè – од канцелариите на градоначаникот, до градската управа, пошта, продавници и училиште со една спортска сала во градот, оддалечена пет минути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.