ВИДЕО: Скијање на Менхетен? Зошто да не!

Откако снежната бура „Сноузила“ го погоди источниот дел на САД, на ЈуТјуб набрзо се појави видео снимка на која двајца њујорчани возат сноуборд и се скијаат на улиците на Менхетен.

Минатиот викенд во Њујорк паднаа рекордни 63 сантиметри снег, што ги принуди градските власти да го забрнат сообраќајот.

Според „Хафингтон пост“ непосредно пред да биде прогласена забраната, двајцата познати „јутјубери“, Кејси Нистат и Џеси Веленс, ја искористиле дебелата снежна прекривка и градските улици ги претвориле во скијачки центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.