ВИДЕО: Скок од кој ќе ви застане здивот

Корисникот на Ју Тјуб, кој се потпишува како Гарт Вадер објави видео снимка во која го  документирал скокот од 24 метри високата платформа во малиот залив.

Ова е нешто што ретко кој би се осмелил да го направи, но овој Јамајканец, откако туристите на кои тој случајно наишол му понудиле 20 долари за овој предизвик, веднаш го прифатил предизвикот.

Така Вадер за мала сума пари го ризикувал животот, но ја покажал и сопствената вештина и храброст.