ВИДЕО: Скокнал од 7 километри височина без падобран

Лук Аикинс (44) успеа во неговиот неверојатен потфат и стана првиот човек во светот што скокнал од 7 километри височина без падобран.

Се подготвував како и за секој друг скок, вели Аикинс за Си Би Ес.

Тој  раскажува дека оваа идеја пред седум години му се чинела налудничава кога истата му била предложена од стра на на продуцентите на една холивудска емисија.

И реков на сопругата: Нема да веруваш што ми предложија. Сакаат да скокнам без падобран, а таа ми рече: Аха, мислиш на одело со крила?, а јас и одговоров: Не, без ништо. По ова добро се насмеавме, се присеќа Аикинс.


Испадна дека продуцентите му ја всадиле оваа идеја во главата па по 7 години тој се одлучил да скокне.

Инаку Аикинс работел како инструктор за падобранство, но и како каскадер во филмови. Последниот филм за кој работел е Ајрон мен 3.

Скокот на Аикинс претставува вр в на 26-годишната кариера како и личен и светски рекорд за највисок скок без падобрана или одело со крила, вели неговиот портпарол Џастин Аклин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.