ВИДЕО: Скокот од работ на вселената од перспектива на Баумгартнер

Скокот на Феликс Баумгартнер од работ на вселената беше отценет како еден од најхрабрите и најопасните потези некогоаш изведени од човек.

Баумгартнер кон крајот на 2012 година го воодушеви светот со скокот од вселената.

Историскиот подвиг на австриецот заврши успешно откако скокна од повеќе од 39.000 метри надморска височина.

Паѓајќи со  брзина од 1357 километри на час тој го проби звучниот ѕид. Падот траеше десет минути, а Баумгартнер скокна над пустината во амриканската држава Ново Мексико.

„ Посакувам да можевте да го видите она што  јас го гледам”, рече Феликс пред скокот.

Новата снимка покажува низ што се минуваше Баумгартнер во текот на скокот што му донесе светска слава. Овој пат од поинаков агол имаме можност да го видиме неконтролираното вртење кое за малку можеше да го чини животот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.