ВИДЕО: Следете ја воената парада во Белград во живо!

Воена парада по повод 70 години од ослободувањето на Белград во Втората светска војна се одржува денеска во српската престолнина, со присуство на највискиот државен врв и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Воената парада се одржува после 29 години, со учество на околу 4500 припадници на Војската на Србија. Парадата ја организира Министерството за одбрана и Војската на Србија на основна одлука на претседателот на Републиката, а командантот по наредба на министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на Војската на Србија генерал Љубиша Диковиќ.

Следете ја парадата во живо на овој линк.