ВИДЕО: Слон против автомобил на сафари

Авантуристичкиот одмор на британска двојка постана вистински хорор откако слон им го преврте автомобилот додека тие уживале на сафари во Африка.

Според британски Дејли Меил, слон го превртел автомобилот на учителката Сара Бронкс  и нејзиниот вереник додека тие снимале животни во Националниот парк Кругер во Јужна Африка.

Во несреќата со големото диво животно повредена е учителката која е задржана на лекување, а нејзиниот  вереник поминал без повреди.

Од паркот појасниле дека слонот бил застрелан. Инцидентот се случил бидејќи нивото на тестостерон на слонот било покачено за 60 пати. Слонот имал и повреда, па затоа велат ветеринарите од паркот, бил нападен.

Видеото го снимиле туристи кои биле во автомобил за нив.