ВИДЕО: Снег во Хрватска

Регионот е погоден од временски услови што во никој случaј не се својствени за април и мај.

Во Хрватска утрово имаше пад на температурите, силна бура, снег на планините но и во дел од Далмација.

Најниската температура што утрово била измерена во Далмација изнесувала 6 степени под нулата. Снег имало и на островите, па како што може да се види од приложеното видео, островот Борча утрово се разбуди под снег.