ВИДЕО: Снегот и мразот целосно го оковаа Менхетен!

Ниските температури на Менхетен му дадоа целосно различен, досега невиден изглед. Славната панорама на овој дел од Њујорк отсекогаш им била привлечна на фотографите, но глетката овој викенд, поради мразот и снегот е посебно интересна.

Снежното невреме кое донесе екстремно ниски температури, ја замрзна дури и реката Хадсон. Централ Парк е целосно прекриен со снег, додека сè наоколу е оковано со мраз.

Поради ниските температури во САД, замрзнати се и Нијагарините водопади, а улиците на Бостон се речиси непроодни поради снегот од 12 метри, а граѓаните од своите домови излегувале низ прозорците.

Дури 20 лица умреле од хипотермија. Метеоролозите најавуваат ниски температури и за наредната седмица.

mraz1

mraz3

mraz4

mraz5

mraz6

mraz7

mraz8

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.