Свет

ВИДЕО: Снегот направи вистински хаос по патиштата во САД

ВИДЕО: Снегот направи вистински хаос по патиштата во САД

Десетина сообраќајни несреќи и излетувања го затвориле главниот автопат во Минесота, САД откако наврнаа 15 сантиметри снег на коловозот за време на најголемиот шпиц.

Камера на сообраќајната контрола снимила неколку од сообраќајките. На снимката се гледа како автомобили и камиони губат контрола на подмрзнатиот пат, се удираат едни во други или излетуваат од патот.

Вкупно, 70 судири и 100 излетувања се пријавени на патиштата во Минесоата во текот на ударното време на улиците.

Неколку градови во државата објавиле „снежна итност“ што значи дека автомобилите мора да се тргнат од патот за да помине возилото за чистење на снег.

Метеоролозите не најавуваат подобрување на временските услови, туку напротив температури до минус девет и уште снежни врнежи.